Премиерот Ковачевски имаше бледо обраќање со многу флоскули, но без суштина. Па да погледнеме на суштината, дебатираме за еден коалициски партнер кој излегува од Владата и еден кој сега влегува во Владата. Ако не знаете како изгледа политичка корупција и проституција еве ја денес на сцена затоа што во Македонија. Изборите губат смисла, која е поентата на избори ако сите сакаат во Влада, која е поентата Алијанса да се бори против ДУИ на избори ако сакаат да се во иста Влада. Тоа не е никако поинаку освен политичка корупција и проституција и тоа од оние кои велат дека ќе се борат со криминал и корупција кога влегуваат во Влада која според сите извештаи е најкорумпирана, тоа Влада која има јасно најслаб перформанс, рече пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се расправа по предлог за разрешување на членови на Влада.
Јас овој Арбен Таравари, рече тој, не го познавам, дали се работи за уцена и која е природата на таа уцена, и дали цената е една убава куќа во Тафталиџе која ја доби Таравари на поклон.
-Зошто дали е тоа цената, затоа што навел дека куќа од 256 квадрати ја платил 150 илјади евра, како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат и дали воопшто тие пари се платени зошто нема трансакција, дали една од цените е куќата. Ако го отворите имотниот лист на министерот за финансии Фатмир Бесими кој му е комшија, а кој пријавил куќа од 410 квадратни метри во вредност од 110 илјади евра. Па како се купува ваква квадратура за оваа цена. Двајцата треба да дадат одговор, а Антикорупциска да испита како се случило ова функционери да плаќаат куќа и квадрат за истата од 200 до 500 евра, а граѓаните за 1000 до 2000 евра квадрат, рече Николоски.
Според него „промените незапирливо доаѓаат, сите се свесни дека ова нема да трае, или бегате од избори зошто ова ќе пропадне оваа Влада, на следните избори ќе паднете, следните избори ќе бидат чистилиште за функционерите, свесни сте дека ова е последно и затоа сите бегате од избори“.
Николоски укажа дека има епско бегање од избори какво што никој не видел до сега.
„Ако е нешто заедничко тоа е масовното бегање од избори, свесни се што мисли народот и како ќе поминат на изборите. Македонија стана држава рекордер која не може да испечати учебници, а учебната година завршува. Ова е влада на континуитет на криминалот и корупцијата, ова е влада која ќе заврши како најнеуспешна, доаѓа крајот на оваа елита“, укажа Николоски.