asd
ПочетнаМагазинОва се трите најлоши прашања во интервју за работа, и еве како...

Ова се трите најлоши прашања во интервју за работа, и еве како можете да одговорите на нив

Некои прашања во интервјуата за работни места редовно се повторуваат, и обично тие се незгодни прашања на кои треба да внимавате додека одговорите, така што потенцијалните работодавци не добиваат погрешен впечаток за вас.

Овие прашања обично изгледаат многу едноставни, но начинот на кој вие одговарате и на што ќе одговорите може да откриете повеќе за вас отколку што мислите. Најдобар начин да им пристапите на ваквите прашања е однапред да смислите одговори што ќе ве одвојат од другите кандидати.

„Сакате да бидете автентични, но исто така мора да се „продавате“, вели Вики Оливер, експерт за деловно водство.

Еве ги трите најчести прашања во интервју за работа на кои кандидатите најчесто „паѓаат“:

Зошто бевте отпуштени од претходната работа?

Справувањето со отпуштањето е тешко само по себе, и кога некој ќе ве праша за детали, може да биде тешко да не се препуштите на негативни чувства.

„Бидете искрени, но покажете ја причината за откажувањето на начин што ви одговара“, советува Оливер.

Клучот е да се фокусирате на позитивните страни и да разговарате за вештините што ги научивте во претходната работа. Не покажувајте лутина или негативни емоции кога зборувате за поранешниот работодавец.

„Дали и вашите колеги добија отказ? Помислете на некои други работи што можат да го покажат вашето отпуштање во најдобро можно светло“, советува Оливер.
Зошто баш вие?

Ова прашање можеби изгледа како навреда, но вие не мора да го сфаќате на тој начин. Кога некој потенцијален работодавец ќе ве праша: „Што ве прави идеален кандидат за оваа позиција?“, Не заземајте одбранбен став, туку искористете го ова како најдобра можност да се „продадете“.

„Работодавците го поставуваат ова прашање затоа што сакаат да слушнат зошто сакате да работите за нивната компанија. Не грижете се, само одговорете на прашањето“, вели Оливер.

Пред интервјуто, подгответе список на вашите квалитети и вештини и дајте пример со секој од нив за да покажете што можете да направите.

Ако го повикам вашиот поранешен шеф сега, што ќе ми каже тој за вас?

„Признавам, ова е вид провокација. Но, не се вознемирувајте. Имајте на ум дека работодавците сакаат да тестираат како реагирате под притисок”, објаснува Оливер.

Кога ќе одговорите на ова прашање, размислете внимателно за тоа што би рекол вашиот поранешен шеф за вас и зошто.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ