Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19 во земјава.
Оздравени се 429 пациенти, а починати се 26 лица во изминативе 24 часа.
Најмногу заразени има во Скопје каде во моментов има 7.756 активни случаи, потоа во Тетово каде има 1.014 актини случаи и Прилеп со 832 активни случаи.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 19189, активни 7756
• Куманово 2883, активни 767
• Дебар 402, активни 91
• Штип 2054, активни 460
• Прилеп 2000, активни 832
• Тетово 3000, активни 1014
• Струга 1007, активни 238
• Велес 1313, активни 736
• Битола 1197, активни 606
• Охрид 1059, активни 463
• Кавадарци 810, активни 376
• Гостивар 1646, активни 526
• Гевгелија 542, активни 220 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1280, активни 627
• Крива Паланка 314, активни 104
• Радовиш 324, активни 118
• Крушево 60, активни 34
• Кочани 964, активни 318
• Пробиштип 283, активни 103
• Демир Хисар 143, активни 70
• Македонски Брод 119, активни 17
• Пехчево 72, активни 13
• Берово 271, активни 80
• Валандово 126, активни 39
• Виница 259, активни 132
• Делчево 337, активни 179 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 111, активни 70
• Свети Николе 586, активни 139
• Кичево 859, активни 372
• Ресен 322, активни 113
• Неготино 303, активни 202 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)