Во Крива Паланка денеска нема новорегистрирани лица заразени со Ковид-19, но го бележи вториот смртен случај на заболен од овој вирус.
Станува збор за 63-годишен маж, кај кој пред само неколку дена беше потврдено присуството на вирусот. За жал, поради неговата и онака незавидна здравствена состојба и дополнително со компликации од Ковид-19, настапил смртен исход.
Лицето беше вработено во конференција во Крива Паланка, каде досега немало регистрирани останати случаи на заразени со Ковид-19. Ова е втор смртен случај на заболен од Ковид-19 во Крива Паланка, откако минатиот месец почина 67-годишна од општината, која исто така имала коморбидитети.
Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се регистрирани вкупно шеесет лица заразени со Ковид-19, а во моментов активни се 19.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, денеска е регистриран и еден новодијагностициран случај на заразен со Ковид-19 во Кратово, со што бројот на активни случаи изнесува седум.