ПочетнаМагазинЗдравјеЕве како да се справите со кашлицата

Еве како да се справите со кашлицата

Лекот некогаш ни пет пари не чини, ако имаш ксмет ќе го дознаеш и ќе го пробаш.
Во суво ѓезве ставете на оган 2 до 3 лажички шеќер. Внимавајте да не поцрне, треба да добие карамел боја со повремено кревање и спуштање пак на оган. Кога шеќерот ќе биде растопен и ќе добие подеднаква боја, ставете вода колку за една шолја чај, да зовријат заедно и убаво да се одлепи шеќерот, да добиете напиток како чај.

Тргнете го ѓезвето од оган и чајот сервирајте го во шолја со мало гранче сув босилек и половина лажичка путер. Поклопете со тацна 3 минути, а потоа уживајте во вкусот. Преубаво и корисно за болки во грло и кашлица. Може да се консумира трипати на ден.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ