Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски.
100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова Магнетна резонанца во Поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лекови.
За 100 дена Влада се укинаа постоењето 1000 економските директори и со тоа се става крај на дуализмот во здравствениот систем. Со ова прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите, а ќе се заштедат и финансиски средства. Здравствените установи имаат само медицински директори кои ќе управуваат со здравствените установи.
Вработување на 600 специјализанти во јавните здравствени установи во дефицитарните области ќе се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на година, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори, а ги решаваме и проблемите со гужвите по здравствените установи и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.
Конечно после деценија, новата влада во првите 100 дена донесе одлука за проширување на позитивната листа со 9 генерици или 87 лекови , во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.
Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните.
Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија со нови кревети, плакари, врати и осветлување. А се набави и апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од 1.000.000 евра.
Дополнително, во Поликлиника Идадија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за Магнетна резонанца во вредност о 1.300.000 евра, кој од медицински аспект претставува врв во дијагностиката кој дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, која употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката.
За 100 дена нова Влада има 100 проекти и мерки за граѓаните.
Владата покажа дека може поинаку. Владата покажа како се работи посветено и во интерес на пациентите.
Продолжуваме посветено да го подобруваме здравствениот систем во Македонија за сите граѓани.
100 посветени. За тебе!, стио во соопштението од Владата.