asd
ПочетнаВестиСветРаздор во Хамас поради самостојната одлука на Синвар да се нападне Израел

Раздор во Хамас поради самостојната одлука на Синвар да се нападне Израел

Синвар, заедно со неговиот брат Мухамед, воениот водач Мухамед Деиф и Марван Иса, кој е заменик воен командант на Хамас, донеле одлука да ги извршат нападите без консултации со други лидери на организацијата, ниту со политичкото биро, што предизвикало раздор.

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар наводно се соочува со критики од раководството на палестинската исламистичка организација поради што самостојно го одобрил нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, објави „Скај њуз арабик“ (Sky News Arabic) повикувајќи се на неименувани палестински извори.

Синвар, заедно со неговиот брат Мухамед, воениот водач Мухамед Деиф и Марван Иса, кој е заменик воен командант на Хамас, донеле одлука да ги извршат нападите без консултации со други лидери на организацијата, ниту со политичкото биро, што предизвикало раздор.

Сличен извештај, заснован на извори блиски до военото крило на Хамас, Бригадите Изадин ал-Касам, беше објавен во јануари од арапскиот весник „Ашарк ал-Авсат“. Наводно само пет лидери на Хамас биле вклучени во одлучувањето за нападите. Но, не беше спомнат Марван Иса, еден од блиските соработници на Синвар.

Одлуката за напад наводно била донесена на 6 октомври, ден пред да се случи нападот. Со цел да се зачува тајноста, командантите на Хамас на теренот непосредно пред почетокот биле информирани за деталите за операцијата, а неколку дена однапред биле информирани и водачите на военото крило.

Извештајот сугерира дека поширок круг лидери на Хамас, вклучително и лидерот на политичкото крило Исмаил Ханије, кој живее во егзил во Катар, и Салех Аури, висок функционер на Хамас подоцна убиен во израелски напад во Бејрут, дознале за нападите само неколку часа пред почетокот.

Едностраното одлучување од страна на Синвар и избрана група лидери, наводно, довело до раздор во Хамас и некои од нив изразиле несогласување со донесувањето одлуки, објавија израелските медиуми.

Војната предизвикана од нападите на Хамас на 7 октомври трае речиси пет месеци. Палестинските екстремисти, предводени од Хамас, убија околу 1.200 луѓе, главно цивили и киднапираа повеќе од 250 лица. Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 30.717 луѓе, главно жени и деца.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ