asd
ПочетнаМагазинЗдравјеПричини поради кои секогаш се будите уморни

Причини поради кои секогаш се будите уморни

1. Анксиозност
Ако во последно време сте под стрес или постојано сте загрижени поради обврските и сè што ви се случува во животот можно е да сте анксиозни. Студиите покажале дека размислувањето на ваквите работи пред спиење може негативно да влијае врз сонот и да предизвика уште поголем стрес. Поради тоа настојувате да ја поминете вечерта колку што е можно помирно и порелаксирано.

2. Стрес
Стресот е една од најглавните причини поради која многу луѓе имаат проблем со здравјето и константниот умор. Иако стресот е неизбежен во животот, ако легнете во кревет со него тоа негативно ќе влијае на вашето ментално здравје и ќе предизвика анксиозност. Обидете се да се опуштите пред спиење и ви гарантираме дека ќе се разбудите поодморени и свежи.

3. Страшни филмови
Пред одењето во кревет никако не се препорачува да го окупирате умот со негативни мисли, а страшните филмови би можеле да го предизвикаат токму тоа и да оневозможат мирен сон. Од таа причина, настојувајте во текот на вечерта мислите да ги насочите на нешто позитивно. Слушањето музика или читањето лесна книга е одличен начин за насочување на мислите.

4. Доцна вечера
Иако многумина сакаат да јадат пред да заспијат, тоа е многу лоша навика. Лекарите советуваат да не се јаде барем 2 часа пред спиење, особено не се препорачуваат тешки оброци. Имено, нашето тело мора да ја свари таа храна, а ако желудникот биде оптоварен во текот на ноќта тогаш после будењето ќе се чувствуваме прилично изморено и без енергија.

5. Синдром на немирни нозе
Синдромот на немирни нозе е нарушување кое може да пречи во текот на спиењето, а да не знаете за тоа. Според процените, од овој синдром патат 5-10% од популацијата, а нешто почесто се јавува кај жените. Синдромот може да биде предизвикан од одредени лекови, дијабетес, па дури и од артритис. Ако мислите дека го имате овој синдром посоветувајте се со лекар.

6. Ноќна апнеа
Апнеата е уште едно нарушување кое може да се појави во текот на спиењето, а се манифестира како краткорочен прекин на дишењето од најмалку 10 секунди. Некои од најчестите симптоми на апнеа се грчење, често будење во текот на ноќта, суво и болно грло, умор, недостаток на енергија во текот на денот, проблеми со концентрацијата. Ова е сериозно нарушување и потребно е да се лекува бидејќи може да го зголеми ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

7. Чкрипење со забите во сон
Чкрипењето со забите или бруксизам е нарушување кое се јавува во текот на спиењето, а во повеќето случаи е предизвикано од стрес, напнатост и анксиозност. Ако ова ви се случува често можно е поради тоа да се будите уморни бидејќи телото не може доволно да се одмори. Оваа појава кај повеќето луѓе е минлива, а поминува сама од себе кога ќе се ослободиме од напнатоста и стресот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ