Функционерите од СДС и ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел. СДС и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително. Македонија не виде ништо од СДС и ДУИ, освен криминал. СДС и ДУИ само збореа з ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса. СДС и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија, додаваат од владејачката партија.