asd
ПочетнаВестиСЕ ОГЛАСИ БРАТОТ НА ИСЧЕЗНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ – потрагата завршува, сега бара помош...

СЕ ОГЛАСИ БРАТОТ НА ИСЧЕЗНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ – потрагата завршува, сега бара помош од цела Македонија, Владата и МНР!

Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди на Халкидики.

Денеска по пат на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и неговиот брат кој упати апел до Владата на Република Македонија, како и до МНР и сите граѓани:

– Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до спасувачкиот тим на ОФКАТ од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои поминаа три дена се заедно со нашето семејство во потрага по нашиот син Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме до Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да се продолжи потрагата по Мартин, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин. Ве молиме шерувајте за да стигне постот до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство, напиша Горан Јовановски.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ