asd
ПочетнаВестиБалканСрбија ја укина забраната за извоз на сите видови масло

Србија ја укина забраната за извоз на сите видови масло

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло по целосен преглед на состојбата на залихите, како и рекордните површини посев на сончогледот. Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно ќе преземаат соодветни мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Владата, приоритет ќе биде прво да се задоволат сите потреби на населението. Владата во претходниот период ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

На владината седница беше донесена и Одлука за времено намалување на висината на акцизата на одредени нафтени деривати за 10 отсто. Владата ја донесе оваа одлука имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар, која негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните, како и зачувување на економската стабилност.

Како што соопштија од Владата, на денешната седница беше донесена изменета одлука за привремена забрана за извоз на еуро дизел ЕН 590, со што забраната се продолжува за уште седум дена.

Денес, во 11:00 часот завршија разговорите меѓу премиерката Ана Брнабиќ и министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ со претставници на земјоделците кои протестираа изминатите денови во Нови Сад.

Претставникот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Радослав Адамовиќ, рече дека им било ветено дека денеска ќе добијат одговори и на другите барања, по што земјоделците ќе одлучат дали ќе ги прекинат протестите или ќе продолжат и ќе ги радикализираат.

Одлуката на Владата за укинување на забраната на извоз на сончогледово масло и другите одлуки уследија по разговорите со преставниците на земјоделците.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ