ПочетнаМагазинХранаСендвичи од рендани компири

Сендвичи од рендани компири

Состојки
6 компири
3 моркови
2 кромида
5 јајца
100 гр шунка
200 гр сирење
50 гр кашкавал
150 гр моцарела
Половина кафена лажица сол
Половина кафена лажица мелен црн пипер
Половина кафена лажица рузмарин
3 супени лажици кечап

Начин на подготовка
Крупно изрендајте ги морковите и компирите, а потоа кон истите додадете ги зачините и кромидот. Добро измешајте и додадете сол, мелен црн пипер и рузмарин. Изматете ги и јајцата и додадете ги.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз хартија за печење и поставете ја да се пече 30 минути на 170°C.
Исечете ја готовата основа на квадрати, како за сендвич и секое од парчињата премачкајте го со крем сирење, а одозгора поставете парчиња шунка и кашкавал. Одозгора нанесете рендана моцарела.
Готовите сендвичи поставете ги на хартија за печење и поставете ги да се печат 15 минути на 180°C. Сервирајте ја вечерата додека е топла.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ