ПочетнаМагазинЗдравјеНачинот на живот има големо влијание врз имунитетот

Начинот на живот има големо влијание врз имунитетот

Имунитет е отпорноста на организмот кон одредено заболување, поточно кон неговиот причинител. Човекот секојдневно контактира со патогени микроорганизми, а благодарение на имунитетот е заштитен од нив. Наследните фактори и начинот на живот (во каква средина живеете, дали сте или не сте подложни на стрес, контакт со отрови, храната која ја јадеме, пиеме ли витамини) во големамера утврдуваат колку ќе биде силен нашиот имунолошки систем. Нарушувањата на имунитетот се основа на многу болести.

Постојат бројни истражувања дека начинот на живот (исхраната, физичката активност итн.) имаат големо влијание врз имунитетот. Во тој поглед, вообичаените препораки вклучуваат:[1]

Прошетки на свеж воздух – загадениот воздух може да го намали имунитетот.
Намалување на стресот – секојдневниот, долготраен стрес предизвикува опаѓање на имунитетот.
Зголемена сексуална активност – според некои истражувања, луѓето кои имаат сексуални односи барем еднаш или двапати неделно, произведуваат за 30% повеќе имуноглобулин во споредба со другите луѓе.
Доволно сон – сон од најмалку седум часа дневно обезбедува поголем имунитет.
Дружење – според некои истражувања, луѓето со цврсти пријателства имаат подобар имунитет од самците.
Помалку шеќер во исхраната – храната богата со шеќер го зголемува нивото на инсулин, а тој влијае врз хормоните кои се поврзани со имунолошкиот систем.
Отвореност – луѓето кои не ги искажуваат емоциите имаат помалку активни делови на крвните зрнца кои се задолжени за одбрана на организмот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ