Овен – Внимание на Меркур
Август не беше лесен месец за Овните, особено кога се работеше за чувствата – опозицијата на Венера ви креираше пречки на сентиментално поле, а некои работи ги измести од контрола. Но, септември дефинитивно ќе биде подобар! Од 9ти, всушност, Венера веќе нема да биде во опозиција и се ќе почне да си доаѓа во ред. На работен план добри се првите денови од месецот, до 20ти септември, кога Меркур ќе влезе во опозиција и ќе почне да создава неријатности. Ќе ви биде тешко да ги најдете вистинските контакти и да ги извршите работите кои сакате. Марс пак, ќе ви се насмевне од 10ти септември, носејќи ви нова енергија и надарувајќи ве со добро здравје.
Бик – Љубовни проблеми
За Биковите, септември не е воопшто лесен во однос на чувствата. За жал, почнувајќи од 9ти септември, Венера влегува во опозиција. Паровите со подолг стаж ќе почувствуваат потешки моменти, додека новите парови ќе бидат ставени пред предизвик да ја преиспитаат врската дали воопшто вреди. За среќа, на работното место ќе добивате енергија и позитивни емоции, а особено позитивен период ќе биде од 5ти до 20ти септември кога би можеле да слушнете убави вести. Марс, од 10ти, ќе биде неповолен – може да се чувствувате без доволно енергија да ги довршувате работите, а секако ќе ви бидат потребни денови за одмор.
Близнаци – Здодевен месец
После еден навистина супер месец како што за вас беше август, следува месец во кој секако ќе ви недостигаат емоции, а особено критични ќе бидат последните две недели кога буквално ќе се досадувате и ќе се чувствувате осамени. А, вие, секогаш сакате нови стимуланси. И на работното место нема да ви оди баш најдобро …Од 5ти до 20-ти, Меркур ќе заземе негативна позиција и ќе ви носи непријатности, а особено ќе ве блокира во работните задачи. Ако чекате промоција, нема да се случи во септември. Ако можете, важните проекти одложете ги за после 21ви. Марс пак, од 10ти, ќе биде поволно поставен и ќе ви дава енергија да ги издржите проблемите.
Рак – Позитивна енергија
Додека вагуст не беше најсреќен за вас, особено кога стануваше збор за чувствата, септември ќе ви надокнади. Од 9ти септември, всушност, Венера нема да биде во опозиција и тоа веднаш ќе го почувствувате. Пречките ќе прекинат, а вие ќе се чувствувате спремни да ги преземете конците во свои раце. Паровите кои го преживеаја август, ќе си ги вратат силните чувства и ќе почнат да размислуваат за заедничка иднина. Дури и од психо-физичка гледна точка, септември за вас ќе биде вистинска ренесанса. Од 10-ти, Марс нема да биде во опозиција и ќе ви го врати доброто здравје и позитивна енергија. На работа – доаѓа убав период особено меѓу 5ти и 20ти, но по 20-ти ќе биде тешко да ги исполните плановите.
Лав – Не баш лесен месец
Додека август за вас беше навистина супер месец, септември е малку потежок…Од 10-ти, Марс влегува во опозиција на вашиот знак, па ќе почувствувате замор, а некогаш и притисоци. Но, тука е и планетата Венера која ќе ве растажува – всушност, од 9ти таа ви го врти грбот, а вашите августовски идилични соништа ќе останат недосонувани. Обидете се да избегнувате големи дискусии со партнерот и да не поставувате барања пред него. Почекајте да помине септември. На тој начин може да си ја сочувате здрава врската. Од работна гледна точка – очекувајте ги и искористете ги последните 10 дена од месецот, кога Меркур ќе почне да ве поддржува.
Девица – Љубов и страст
Девици, подготвени сте за една голема страст? Е, таа доаѓа! Од 9ти, планетата Венера ќе ве прегрне толку силно што – доколку сте во врска, може да очекувате позитивен напредок, а доколку не сте – ќе се вљубите до уши. Осамените конечно ќе ги отворат срцата за нови љубови, и тоа не за една, за повеќе, поточно ќе можат да одбираат. Особено позитивни се деновите од 5ти до 20ти, кога и Меркур застанува на ваша страна и ќе ги подобри комуникациите. Меркур ќе го почувствувате позитивно и на работното место каде се можни унапредувања и материјални подобрувања. Многу среќа на работа, искористете ја!
Вага – Меркур во конјукција, супер комуникации!
До 9ти, Венера многу добро ќе ве поддржува, па искористете го периодот да ги расчистите евентуалните недоразбирања на сентиментално поле, да си ја зајакнете врската или доколку сте сами – да започнете нова. Комуникациите во првата половина на месецот ќе бидат „на големо“! На работното место, сепак, периодот не е толку среќен, но посреќни денови следуваат после 21ви, кога Меркур ќе влезе во конјукција и ќе ви ги отвори сите врати. Последната недела од месецот на работно поле за вас ќе биде суперсреќна, па може да очекувате добри вести или промоција. Приликите ќе бидат бројни, а средбите ќе бидат значајни за иднината. Од физичка гледна точка, месецот почнува послабо, но од 10-ти ќе ви донесе убаво изненадување и многу сила.
Шкорпија – Месец на љубовта
Септември за вас е месец на многу љубов. Подготевни сте да го слушнете силното чукање на вашето срце? Од 9ти, Венера влегува во вашиот знак, правејќи ве многу привлечни и сензуални, навистина ќе бидете магнет за спротивниот пол! Оние кои се во двојка ќе уживаат во романтични и стабилни моменти со партнерот, додека оние кои се сами – сега им се отвораат бројни прилики и нови средби. Дури и на работното место сите работи ќе ви одат од рака – вашите проекти на големо ќе се остваруваат и конечно ќе ги дочекате вашите 5 минути. Особено среќен е периодот од 5ти до 20ти.
Стрелец – На чекор до победа
Септември ќе побара од вас да ги потврдите сите започнати работи во изминатиот период, па дури и ќе ги преиспита вашите финансии. Од гледна точка на чувствата, нема да има драстични промени, но ќе бидете ставени пред испит – што навистина сакате од вашата врска особено ако таа е родена неодамна? На работен план ќе почувствувате пречки и ќе мора да го издржите периодот од 5ти до 21ви, но не грижете се, овие пречки ако ги надминете, потоа ќе бидете на чекор до успехот. Последните 10 дена од месецот ќе бидат многу поволни на работен план, искористете ги. Марс пак, од 10ти, ќе биде поволен за вашиот знак и ќе ви дава енергија, здравје и редовно ќе ви ги полни батериите.
Јарец – Сентиментално обновување
Август не беше пријатен за вас, особено во однос на чувствата…Венера во неповолна позиција ви создаде непријатни ситуации и пречки, особено кај паровите, но сега веќе не треба да се грижите – од 9ти, Венера се враќа на ваша страна за да ве поддржи и до крајот на месецот ќе ви носи убави новости, изненадувања и љубов. На работа, сметајте на периодот од 5ти до 20ти, кога Меркур е позитивен, оваа планета ќе ви помогне да истуркате некој проект кој ви лежи на срце, наградувајќи ве брзо со убави резултати, но и со подобрени финансии. Првите 10 дена во месецот пак, ќе бидат супер за здравјето и физичката спремност, благодарение на Марс.
Водолија – Да живее Марс!
За вас август не беше баш лесен месец, особено на работен план и интерперсоналните релации – опозицијата на Меркур ви создаде тешки комуникации, поставувајќи ве пред пречки. Но убава вест очекувајте од 5ти, кога Меркур веќе нема да ви креира проблеми! Конечно пред вас се приликите кои долго ги очекувате. Комуникациите со колегите и претпоставените ќе бидат измазнети, а и дома ќе почувствувате убава енергија. На љубовен план пак, од 10ти, може да се појават проблеми или тензии – а се тоа ќе биде вина на неповолната Венера која ќе ви донесе кавги со партнерот дури и за најмали ситници. За среќа, може да сметате на Марс кој ќе ви ја даде целата сила која ќе ви треба полесно да ги поминете препреките во секој поглед.
Риби – Поволна Венера
Драги Риби, вие имавте лето со падови и искачувања, од гледна точка на чувствата. Но сега, конечно, почнувајќи од 9ти, може да сметате на позитивната Венера, која е подготвена да ви ги подобри врските, носејќи ви сигурност која до сега ја немавте. Љубовта и поддршката од саканото лице ќе ви помогне полесно да ги надминете проблемите на работното место, зашто планетата Меркур влегува во опозиција и ќе почне да создава кочници во периодот од 5ти до 20ти. Станува збор за период (за среќа краток!) во кој ќе почувствувате блокади и многу тешко ќе стигнувате до тоа што го посакувате. На крајот на месецот се ќе тргне на подобро.