ПочетнаСпортСевиља со петто ново засилување

Севиља со петто ново засилување

Раководството на Севиља доби петто ново засилување. Се работи за левиот бек Маркос Акуња, кој доаѓа од Спортинг (Лисабон) за 10 милиони евра и уште 2 милиони во бонуси.

Дваесет и осум-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 година. Тој е аргентински репрезентативец, има 27 натпревари за „Албиселесте“, а одигра натпревари и на Светскиот куп.

Со привлекувањето на Акуња, „бело-црвените“ ја пополнуваат празнината од заминувањето на Серхио Регилон, кој се врати во Реал Мадрид.

Ова лето на „Рамон Санчез Писхуан“ пристигнаа и Иван Ракитиќ, Оскар Родригез, Јасин Буну и Сусо.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ