Жена чиј автомобил се заглавил во кал во австралиската дивина, имала само грицки и шише вино со неа. Токму шишето вино и го спасило животот на заколната антиалкохоличарка.
Лилијан Јип минатата недела тргнала на кратко патување со автомобил во австралиската држава Викторија, но погрешила и заглавила во калта.
Со себе имала грицки и шише вино, кои планирала да и ги подари на мајка си. Пет ноќи подоцна била пронајдена од службите за итна помош кои ја надлетале областа со хеликоптер како дел од потрагата по неа.
Таа била пронајдена на околу 60 километри од најблискиот град, но поради здравствени проблеми не можела пешки до него. Немала вода, но имала грицки и вино.
-Единствената течност што Лилијан, која не пие, а ја имаше со себе беше шише вино што го купи како подарок. Виното и го спаси животот, изјавил шефот на полицијата Мартин Торпи.
Жената била пренесена во болница поради дехидрација, но набрзо е пуштена дома.