asd
ПочетнаВестиКовачки до власта: Со закани и притисоци нема да ја спречите масовноста...

Ковачки до власта: Со закани и притисоци нема да ја спречите масовноста на протестите, граѓаните да излезат денеска во 19 часот пред Влада

Власта на СДСМ е исплашена од масовните протести и поддршката на граѓаните на Република Македонија, порача Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира информацијата дека граѓаните кои што го блокираа патниот правец Радовиш – Струмица добиле прекршочни пријави.

Ковачки потенцираше дека СДСМ, Ковачевски и Спасовски со ваквите уцени, закани и заплашувања кон мирниот народ кој е против асимилација и бугаризација нема да ја спречи масовноста на протестите, упатувајќи апел до нив да прекинат со притисокот.

СДСМ, Ковачевски и Спасовски треба да престанат да вршат притисоци, закани и уцени кон мирниот народ кој достоинствено протестира против бугаризација и асимилација. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и ќе им даде помош на сите лица кои што се засегнати од овие уцени преку правна помош за во иднина тоа да не се повторува, изјави Ковачки.

Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат на протестите и да порачаат НЕ за ултиматуми и асимилација на државата.

Го повикуваме народот што помасовно да излезе и да ни се приклучи на овие протести, рече тој.

Ковачки повика и Владата веднаш да го објави Протоколот и потенцираше дека народот не поддржува бугаризација.

СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори, истакна Ковачки.

-Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме.

Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите.

Владата е должна да го објави протоколот, рече Ковачки и додаде:

„Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено.
А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски.

Ковачевски ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат нешто што е во спротивност на македонските национални интереси и закони.

Пратениците на СДСМ се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси.

Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна.

ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав – не доаѓа во предвид.

Македонија е на нозе. Обединета.

Продолжуваме со протести, се гледаме во 19.00 часот пред Влада“.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ