asd
ПочетнаВестиМакедонијаШто се прави со првото црвено Велигденско јајце од минатата година?

Што се прави со првото црвено Велигденско јајце од минатата година?

Велигден е голем и тежок празник, а за Велики четврток традиционално се вапцаат јајца.

Според верувањата, најзначајно е првото вапцано јајце во домаќинството, бидејки се верува дека тоа ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.

Домаќинките го чуваат првото јајце со црвена боја до икона се до следниот Велигден, кога се вапца ново прво јајце.

Но, дали знаете што треба да направите со јајцето од минатата година?

Според верувањата кога се бојадисува ново јајце, старото се пушта низ река со цел водата да го однесе злото, болестите и целата несреќа која ова јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Други обичаи велат дека ланското велигденско јајце, треба да се закопа во земја, а пожелно е во близина да има насадено цвеќе. Се верува дека тоа е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ