На 10.03.2023 во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода И.Ј.(38) од Скопје.
Тој се товари за сторено кривично дело „Изнуда” казниво по член 258 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по пријава на на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од месец август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.
Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.