asd
ПочетнаВестиУште нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа- се прават анализи...

Уште нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа- се прават анализи кои да бидат

Комисија на Министерството за здравство анализира кои лекови треба следно да бидат ставени на позитивната листа на лекови.

-Имаме Комисија што е формирана од Министерството за здравство и која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население во државата, да бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа веќе е несериозно. Очекувам комисијата која што е компетентна и која што треба врз база на сите фармако-економски и други анализи коишто ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои треба да бидат следните лекови за позитивната листа, изјави денеска министерот на прес-конференција.

Потсети дека во првите 50 дена од Владата, листата се прошири со девет нови лекови.

За превентивните програми, рече дека се многу битни и дека се разговара тие да бидат проширени.

-Поуспешни ќе бидеме не со лекови, туку со превентивни програми, толку помалку ќе имаме развиени форми на сериозни болести, така што размислуваме, меѓутоа сепак треба да размислиме и да видиме што имаме во буџетот, што се можностите. Така што, балансираме повеќе да ги истераме превентивните програми, секако и позитивната листа затоа и го направивме тоа. Од друга страна па се обидуваме да заштедуваме, рече Таравари.

Тој одговори и на реакциите дека за изминатите четири години 400 илјади евра биле скратени од превентивните програми од здруженија коишто работат со пациентите со ХИВ и реакциите дека годинава ќе бил уште помал буџетот и ќе не можат да се покријат трошоците со овие пари.

-Се надевам дека буџетот ќе биде сличен, меѓутоа немаме уште дефинитивен буџет. Дозволете ни да видиме, па кога ќе биде подготвено ќе зборуваме за тоа точно, сега ги немам ни бројките пред мене. Меѓутоа, мислам дека цифрите ќе бидат слични, можеби може да биде кратко скратување, меѓутоа не нешто сериозно, кое што ќе го загрози животот на болните со ХИВ, рече Таравари.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ