asd
ПочетнаВестиСончево и потопло време со температура до 28 степени

Сончево и потопло време со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток по котлините ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ