Од петок во недела ќе се одржи 48. издание на Галичката свадба. Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста.
Од Месната заедница го објавија куќниот ред. Оттаму апелираат заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, сите да се придржуваат до правилата и да помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот.
-1. Одлагање отпад:
– Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие Маврово ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион;
2. Сообраќаен режим:
– Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата на Лукановци од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 15ти до 17ти јули;
– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во ПЕТОК, 15ти јули ќе биде забранет од 20:00 часот, па до 01.00 часот изутрина;
– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 16ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот;
– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во НЕДЕЛА, 17ти јули ќе биде забранет од 7.30 до 15.00 часот.
– Во термините во кои е забранет сообраќај, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде на Селска ливада;
– Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во недела на релација Селска ливада – Галичник.
– Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба;
– Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, освен сопствениците на имот на Пеш, Гегоско и Бошнакоско маало;
– Непрописно паркираните возила (паркирани спротивно на овие правила), ќе бидат отстранети со помош на специјално возило – пајак, информираат од Месната заедница.
Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август.
Покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски.