Историска исплата за македонските тутунари, 40 милиони евра директна поддршка од државата!

0
94

Денес започнува исплатата на субвенциите за тутун за последната реколта, информираше Премиерот Мицкоски заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Премиерот Мицкоски потврди дека државата ќе исплати вкупно 2.404.561.224 денари, односно речиси 40 милиони евра, на 14.502 тутунопроизводители низ целата земја.

Станува збор за директна финансиска поддршка за македонските земјоделци кои вложуваат огромен труд во производство на тутун – една од најважните земјоделски гранки во државата.

Исплатата доаѓа како резултат на сериозниот пристап кон решавање на проблемите во аграрниот сектор. Од моментот кога новата влада ја презеде одговорноста за управување со државата, беа затекнати неисплатени субвенции и заостанати обврски кон земјоделците – за дел од нив се чекаше со години.

Благодарение на часови и денови на посветена работа, системот е вратен во функција на граѓаните. Оваа исплата е потврда дека новата влада се бори за секој човек, и преку конкретни резултати ја враќа довербата на граѓаните во институциите.

Ова не е само финансиска помош – ова е порака дека државата повторно е на страната на народот.

Македонија повторно станува дом за сите, каде трудот се вреднува, а граѓаните се на прво место.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име: