asd
ПочетнаВестиЕлизабета Втора во иднина со помалку службени должности

Елизабета Втора во иднина со помалку службени должности

Кралицата Елизабета Втора во иднина ќе има намален обем на службени должности. Како што пишува „Пипл“, имено, во годинашниот официјален извештај на Монархијата, објавен минатата недела, нема задачи што кралицата „мора да ги исполни“ во списокот.

Односно, 13-те точки што ја опишуваат улогата и должностите на кралицата сега даваат малку поопшт опис. Овој потег е прв од ваков вид по повеќе од 10 години, а се чини, тоа е и показател за малку полошата здравствена состојба на кралицата која има 96 години и сѐ помалку може да се движи.

Според наводите, дел од јавните должности на кралицата ги презеле принцот Чарлс и принцот Вилијам, како нејзина замена, кои, на пр., наместо Елизабета Втора, се појавија на свеченото отворање на Парламентот во мај годинава.

Кралицата минатиот месец го прослави платинестиот јубилеј на престолот, т.е. 70 години на чело на Обединетото Кралство. По тој повод беше организирана голема свеченост што траеше четири дена, а таа отсуствуваше на повеќе настани од официјалната програма.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ