Скопјанец изгубил контрола управувајќи со мотоцикл и паднал на коловозот, по што се тешки повреди бил пренесен во болница.
„На 17.08.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Втора македонска бригада“, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(42) од Скопје, паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза““ велат од полиција.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.