asd
ПочетнаВестиМуцунски: Следната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, ние сме подготвени за избори...

Муцунски: Следната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, ние сме подготвени за избори уште утре

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека на следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Тој дури додаде дека ВМРО-ДПМНЕ исто така не се откажува и од предвремени парламентарни избори.

„Не се откажавме од тоа, тоа прашање не можеме да го исклучиме. Работа на опозиција е да бара постојано избори како ние што го правиме тоа, да се преземат мерки за да се случат предвремени парламентарни избори. Ние сме подготвени и утре да има парламентарни избори. Ние веќе имаме концепт за нашата програма во делот на даночната политика, во делот на политиката на привлекување на странски инвестиции, образование, здравство. Ние веќе размислуваме на овие теми“, заклучи Муцунски.

Тој дури и посочи дека денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ најави и дополнителна теренска акција. Што значи се продолжува континуитетот на директна комуникација со граѓаните на терен ширум Македонија.

„Значи ние сме подготвени за избори уште утре. Но, ќе повторам изборите за нас не се само заради нас лично како политички субјект бидејќи анкетите на јавното мислење покажуваат огромно незадоволство од страна на Владата и желба на нашите граѓани да видат нова Влада која што ќе понуди надеж и план“, рече Муцунски.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ