asd
ПочетнаВестиНајсвежо утрово во Берово и Лазарополе

Најсвежо утрово во Берово и Лазарополе

Во Берово и Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови со 12 степени, 13 во Битола, Претор и Попова Шапка, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Тетово, Охрид, 15 во Демир Капија, Прилеп, Дебар, 16 Куманово, Штип, Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, 19 во Виница и 20 степени во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово, според податоците од дождомерните места на УХМР, најмногу наврнат воден талог има во Пожаране 8 л/м2, 2 во Струмица и по 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, Тетово, Ѓуриште.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ