ПочетнаМагазинЗдравјеКоја е улогата на Витаминот Ц во организмот на човекот

Која е улогата на Витаминот Ц во организмот на човекот

Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:

-влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
-има улога во синтезата на стероидните хормони
-ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
-има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на слободните радикали
Витаминот Ц го спречува создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини, кои настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната (особено конзервираната). Постојаната присутност на овие соединенија може да доведе и до појава на карцином. Значајна е улогата на витаминит Ц и во синтезата на колагенот – влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и поотпорни.
Препорачаната доза на витамин Ц за здраво возрасно лице е околу 75-90 мг на ден. Кај зголемени потреби, при терапија, може да се земаат и до 500 мг. Витаминот Ц по правило добро се поднесува. Сепак, големи дози (поголеми од 1 г.) при долготрајна примена можат да предизвикаат мачнина, пролив, грчеви во стомакот, осип на кожата, а понекогаш и можност од создавање на камен во бубрегот.

Ако организмот е изложен на дополнителни напори, потребни му се и дополнителни количини на витамин Ц. Зголемени потреби најчесто се јавуваат кај: стресни ситуации, разни заболувања (инфекции) и повреди, зголемена телесна температура, хируршки зафати, употреба на некои лекови, бремени и жени што дојат, спортисти, пушачи и земање на алкохол.

На бремените и жените што дојат потребни им сè до 50% поголеми количини на витамин Ц на ден, а на лицата заболени од шеќерна болест околу 30%. Пушачите имаат хроничен недостаток од витамин Ц затоа што тој се троши за неутрализирање на отровните тешки метали од чадот на цигарите.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото, така што е потребна внимателност при нивното заедничко земање.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ