asd
ПочетнаВестиОдбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест

Одбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест

Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста.

Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето.

– ХОББ е голем проблем на денешницата. Во светот од оваа болест, боледуваат повеќе од 400 000 000 луѓе и за жал, нивниот број постојано се зголемува. Секоја година поради ХОББ умираат по 3.5 милиони луѓе, а преваленцијата и морталитетот се најголеми во неразвиените земји. Голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест, пред сѐ аерозагадувањето, пушењето, професионалната експозиција, како и изложеноста на чад од согорување на биомаси и вештачки хемиски материи, истакнуваат од ова здружение.

По повод одбележувањето на Светскиот ден во библиотеката на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје ќе се одржи прес-конференција.

Бесплатни прегледи по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се одржаа и во понеделникот во „Сити мол“ во Скопје.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Димитар Каркински појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.

– За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т.е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ