Уредувањето на станот не е лесна работа, додека кујната често претставува најголем предизвик. Потребно е да се пронајде совршената комбинација на функционалноста и естетската привлечност. Со изборот на вистинските елементи во кујната, важно е да се најдат и апарати што ќе се вклопат, но совршениот изглед мора да биде нивна секундарна функција. Карактеристиките како квалитетот, долготрајноста и издржливоста секогаш мора да бидат приоритет.
Меѓутоа, со апаратите за домаќинство на Samsung, корисниците нема да треба да го компензираат квалитетот за да добијат на стил или дизајн, туку со тековната промоција, дополнително ќе уживаат во различните придобивки. Од 1. септември до 31. декември со купување на иновативните Samsung уреди се одобрува гаранција од дури пет години. Истата понуда се однесува и на комбинираните машини за алишта, како и стандардните машини за перење и сушење алишта купени во периодот од 1. октомври до 31. декември. Сѐ што е потребно за да се добие поволноста е корисникот по купувањето да го регистрира уредот.
Со вградените елементи кујната ќе ја постигне хармонијата која што корисниците ја бараат. Електричната рерна со флексибилната двојна врата овозможува подготовка на два оброка истовремено, додека SMART Индукциската плоча за готвење со Virtual Flame технологијата свети како вистински плински пламен, а LED осветлувањето го олеснува увидот во тоа дали ринглите се исклучени или вклучени. За свежина и долготрајност на храната се задолжени фрижидерите и замрзнувачите со врвен квалитет. Благодарејќи на напредниот систем за ладење, кој подолго ја чува изворната свежина, аромата и текстурата на храната, корисниците повеќе не мора да се двоумат дали да ги замрзнат храната и намирниците или не. Дополнително, Twin Cooling Plus технологијата ги лади преградите одделно, за мирисите од фрижидерот да не се шират во замрзнувачот, па така замрзнатата храна ќе го задржи оригиналниот вкус.
При подготовка на јадења со појак мирис, аспираторот со силен систем за вентилација ќе се погрижи трагите од готвењето да не се почувствуваат во другиот дел на домот. Аспираторот е скоро безвучен и има автоматски сензор кој што ја регулира брзината на вентилацијата. За кујната на крај да свети, вградената машина за миење на садови со WaterWall технологијата ќе ги исчисти садовите до најситниот детал за само 55 минути.
Со Samsung правосмукалките и остатокот од домот ќе биде блескав и ќе зрачи со свежина, а за корисниците на кои правосмукањето и чистењето не им е омилена активност, Robot VR7000M ќе ја заврши работата наместо нив. Со напредната технологија која ја пресметува оптималната рута за брзо чистење, VR7000M е дизајниран така што моќта на вшмукувањето не е намалена, без оглед на тоа што куќиштето е помало.
Samsung машините за перење и сушење на алишта гарантираат чиста и свежа облека, со иновативната QuickDrive технологија која што времето на перење го намалува за дури 50 проценти, а потрошувачката на енергија за 20 проценти. Со тоа, AddWash функцијата им овозможува на корисниците да додадат алишта и тогаш кога циклусот на перење е веќе започнат.
Samsung уредите кои што се наоѓаат во понудата се одликуваат со висок степен на квалитет, ефикасност и економичност, со што на корисниците им се олеснуваат сите домашни работи, а може да се пофалат и со елегантен дизајн кој ќе ја надополни секоја просторија.
Повеќе информации за промоцијата се достапни на страницата https://www.samsung.com/mk/offer/5yw-promo/, преку која ќе се врши и регистрација на купените уреди.