Пет нови случаи со Ковид-19 регистрира Центарот за јавно здравје Тетово во изминатото деноноќие, со што вкупно дијагностицирани се 1.452 лица.
-Од петте нови случаи со Ковид-19, тројца се од Општина Тетово и по еден од општините Брвеница и Желино, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологихја при тетовскиот Центар за јавно здравје.
Според тетовската полиција поради непостапување кон владината уредба за спречување на ширење на Ковид-19 во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 77 лица во тетовско им изготвени им се прекршочни платни налози.
Во овој период на тетовско седум лица добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.