Новиот Закон за енергетика ја мина првата фаза во Собранието.
Ова не е само усогласување со европските правила. Ова е темелна промена која ја гради иднината на нашиот енергетски сектор.
Закон што носи ред во енергетиката, јасни правила, еднаква примена и предвидливост во енергетскиот сектор. Тоа значи дека и домаќинствата и компаниите ќе знаат на што може да сметаат, кои се нивните права и кои обврски ги имаат енергетските компании.
Ова е првиот чекор кон стабилен, транспарентен и модерен енергетски сектор.