На 20.11.2024 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(40) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и две дигитални ваги.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.