На 19.08.2020 во 16.25 часот во Полициска станица Крушево, П.Т. (36) од Крушево пријавил дека околу 16.00 часот во банка во Крушево, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.