Шеесетгодишниот Ф.К. од Скопје во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека вчера слушнал пукање, по што излегол во дворот од куќата на ул. „Места“ и пронашол осум чаури.
Според пријавеното, исто така, и кај неговиот роднина Ф.К.(46) од истата улица биле пронајдени четири чаури и еден неиспукан куршум.
МВР информира дека шовредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.