На 15.08.2022 во 01:30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведен Т.И.Х.(47) од Р.Полска, кој управувал патничко возило „рено трафик“, со полска национална ознака, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција било констатирано дека возилото според базата на податоци на Интерпол е предмет на потрага, затоа што е пријавено за украдено.
Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.