asd
ПочетнаВестиСветСо исти стапчиња за корона тестирале илјадници патници на аеродром во Индонезија

Со исти стапчиња за корона тестирале илјадници патници на аеродром во Индонезија

Неколкумина вработени во фармацевтска компанија се уапсени во Индонезија поради наводно миење и препродажба на користени стапчиња за корона тестови.

Над 9000 патници на аеродромот Медан можеби биле тестирани со повторно употребени стапчиња, соопштила полицијата.

Државната компанија Кимија Фарм сега се соочува со потенцијална тужба поднесена во име на патниците, пишува Би-Би-Си.

Полицијата верува дека измамата траела од минатиот декември на аеродромот Куаланаму во Медан, во северна Суматра.

Патниците морале да направат негативен тест за корона пред летот, а аеродромот им нудел тестирање на лице место. Аеродромските власти користеле комплети за брз тест испорачани од Кимија Фарм.

По поплаките од патниците дека добиле лажни позитивни резултати од тестот, полицијата минатата недела испратила прикриен полицаец да се претстави како патник, објавиле локалните медиуми.

Откако зеле брис од полицаецот и го известиле дека тестот е позитивен, останатите полицајци упаднале и го пребарале местото за тестирање. Пронашле користени комплети за тестирање.

Минатата недела биле уапсени петмина вработени во „Кимија фарм“, вклучувајќи го и директорот на Медан.

Локалните медиуми велат дека властите разговарале со 23 сведоци и испитуваат дали приходите од измамата, проценета на околу 1,8 милијарди рупии (124.800 американски долари), биле искористени за изградба на раскошна куќа за еден од осомничените.

Кимија Фарм, со седиште во главниот град Џакарта, оттогаш го отпуштил персоналот и ветиле дека ќе ги засили внатрешните контроли.

Двајца адвокати, кои во последните месеци често летале преку аеродромот Куаланам, објавиле дека планираат да ја тужат Кимија, пренесува South China Morning Post.

Во колективната тужба тие се надеваат дека ќе добијат милијарда рупии за секој патник кој се тестирал со рециклирани стапчиња.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ