ПочетнаВестиВо тетовско рекордни 35 нови позитивни на Ковид-19

Во тетовско рекордни 35 нови позитивни на Ковид-19

Во тетовскиот регион денеска има рекордни 35 нови позитивни случаи на корона вирус.

Голем дел од нив, односно 26 од заразените се од Тетово, по четири има во руралните општини Боговиње и Брвеница и еден заразен е евидентиран во Јегуновце.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека засега состојбата е стабилна, ако се земе предвид дека болничките капацитети не се исполнети како во другите градови.

Инаку во тетовско освен голем број на заразени со Ковид-19, секојдневно се евидентираат и смртни случаи како последица на вирусот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ