Донесен законот за медиумите, онлајн медиумите веќе ќе бидат регулирани со закон!

0
102

По повеќе од 12 години, издавачите на онлајн медиуми – интернет публикации се препознати во Законот за медиуми, а нивните права и обврски изедначени со медиумските работници во сите други медиуми. Тоа гарантира плурализам во медиумите, транспарентност во уредувачката политика, поттик кон професионализација и нов квалитет во медиумската сфера.

Министерот за дигитализација на својот фејсбук профил објави дека законот е донесен

Воедно министерот се заблагодари на пратениците во Собранието, кои преку дискусии со засегнатите страни придонесоа кон поинклузивен текст на законот, и до тимот во Министерството за трудот околу основниот текст. А секако благодарност и до сите медиумски здруженија, здруженија на новинари, новинари и медиумски работници кои се вклучија во широката дебата. Ова може да биде почеток на одлична соработка кон уште подобри решенија, политики и стратегии за развој на медиумскиот сектор.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име: