Тие жени никогаш нема да го изгубат чувството на индивидуалност. Никогаш нема да дозволат нивните надежи и соништа да се растопат за да се прилагодат на личноста која ја сретнале. Жените кои долго време ќе останат сами, на крајот се најсреќни. Бидејќи научиле да се чувствуваат пријатно во својата самотија.
Тие се способни да ја поминат ноќта сами во креветот и уште поцврсто да спијат. Тие прифаќаат да бидат сами. Тие на крајот се најсреќни, бидејќи имаат време да се фокусираат на себе, да делуваат себично, да сфатат што им е важно.
Остануваат во контакт со своите пријатели, наместо да се одалечуваат. Тие ги следат своите соништа, не дозволувајќи да исчезнат. Тие се победници. Посветени и страствени. И никој не може да ги предомисли од нивните цели. Тие на крајот се најсреќни, бидејќи ја култивирале својата независност.
Имаат доволно знаење да се грижат за себе. Тиа можат да се носат со се’. Интелигентните жени знаат да импровизираат со сретства со чија помош ќе го исполнат животот за себе. Тие на крајот ќе бидат најсреќни, бидејќи сфаќаат дека љубовта не треба да биде средиште на Свемирот. Тоа не е единствена работа која е во нивниот ум, причина за будење наутро и за излегување ноќе. Наместо да прогонуваат мажите, тие ги следат своите надежи и соништа.
Во потрага се за иднина која знаат дека ја заслужуваат. Жените кои остануваат сами на подолг период, не ги загрижува тоа што се долго сами, бидејќи ќе се навикнат на тој начин да живеат. Не ги загрижува тоа што можеби никогаш нема со никој да стапат во брак. За нив е во ред идејата секогаш да живеат сами.
Ја поздравуваат тишината. Тие се доволно силни, не само да се носат со тоа – туку и уживаат во тоа. А ако најдат некој, тоа ќе биде некој кој ги турка напред. Некој кој ги поттикнува на борба, а не некој кој им зборува да се предадат и да дозволат тој да биде главен за се’. Ќе биде некој,, кој ќе биде среќен што таа има сопствен живот, сопствени планови и што никогаш нема да ги жртвува тие работи за љубов.
Тие жени никогаш нема да го изгубат чувството на индивидуалност. Никогаш нема да дозволи нивните надежи и соништа да се растопат за да се прилагодат на личноста која ја сретнале. Тие ќе бидат со некој кој ги прави посилни отколку што се. Некој кој ги прави уште посреќни отколку што веќе се- иако се прилично среќни за почеток.