asd
ПочетнаВестиКако да имате повеќе сила за време и по заболување од корона

Како да имате повеќе сила за време и по заболување од корона

Болката во грлото е еден од симптомите што им пречи на многумина, особено ако се заразени со сојот омикрон. Редовното пиење чај и други топли напитоци може, во голема мера, да ги ублажи болестите. Хидратацијата е исклучително важна за сите оние кои имаат дијареа, болки во мускулите или треска.

Гадење, затнат нос и нагон за повраќање може да се ублажат и со пиење повеќе течности. Со себе треба да имате чај, вода, вода со лимон и мед. Најдобро е пациентот да зема лажица по лажица, на секои неколку минути.

Пациентите со Ковид треба да консумираат мека храна и едноставни оброци. Многу луѓе немаат апетит за време на болеста, па дури и не можат да станат и да јадат. Затоа супите и чорбите се одлично решение, кои можете да ги послужите во голема шолја. Се препорачуваат и обезмастено млеко и јогурт, печено пилешко, јајца без многу зачини за да не предизвикаат мачнини.

Пациентот никогаш не смее да гладува. Некои денови, кога ситуацијата е навистина лоша, може да се помине само со тост и чај. Меѓутоа, како што се подобрува состојбата на човекот, би било добро да се внесуваат соодветните хранливи материи. Заедно со месото, јајцата и млечните производи, неопходно е да се зема и друга храна богата со протеини како грав и леќа.

Природни извори на витамини кои се препорачуваат се мрсна риба и печурки поради витаминот Д, цитрус и кисела зелка поради витаминот Ц, како и пробиотските својства.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ