asd
ПочетнаВестиМакедонијаБУГАРИЈА ОД ДЕНЕС ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Еве во која зона се наоѓа...

БУГАРИЈА ОД ДЕНЕС ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Еве во која зона се наоѓа Македонија

Од денес 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата при што земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата во нив. Тоа беше обелоденето вчера од техничкиот министер за здравство Стојчо Кацаров

Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните тестови во нив. За бугарските власти државите ќе бидат во – Зелена зона, Портокалова зона, Црвена зона.

Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) – за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД .

За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.

Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата со епидемијата во државата.

-Луѓето кои се од државите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, некои од луѓето, по случаен избор, ќе се вршат дополнителни тестови. А, оние што се во црвената зона нема да им се дозволи влез во Бугарија, објасни Кацаров.

Инаку, Македонија според одлуката на Бугарија се наоѓа во портокалова фаза, детално за сите земји и фази погледнете ги ТУКА.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ