Јаболкото се вбројува во најздравите и најпристапните овошја на светот, богато со антиоксиданси и витамин Ц. Многу здравствени бенефити има од консумацијата на јаболката, а во во продолжение дел од нив:
ПОМАГА ВО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Јаболкото е богато со влакна и е нискокалорично. Во едно истражување биле вклучени возрасни луѓе кои јаделе по 1.5 големи јаболка (околу 300 грама) дневно. За период од 12 недели ја намалиле телесната тежина за 1.3 килограми. Уште едно истражување покажа дека ако јадете јаболко половина час или еден час пред оброкот, тоа ќе ви помогне да ги редуцирате калориите.
НИСКО НИВО НА ШЕЌЕР И ШТИТИ ОД ПОЈАВА НА ДИЈАБЕТЕС
Јаболката можат да го намалат нивото на шеќер во крвта и да помогнат при заштита од појава на дијабет тип 2. Ова е од причина што јаболката се богати со влакна кои ако ги изедете во големи количини ја подобруваат контролата на глукозата во крвта.
ШТИТИ ОД ПОЈАВА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
Во едно истражување каде биле вклучени животни, консумацијата на јаболка помогнала да се намали целосно нивото на холестерол во крвта како и таложењето на наслаги во артериите. Ако овие резлутати би биле еднакво точни и кај луѓето, тоа би значело дека јадењето јаболка ќе не заштити од срцеви заболувања.
ШТИТИ ОД ПОЈАВА НА РАК
Студија на наречена „Дали едно јаболко на ден го држи онкологот настрана (Does an apple a day keeps an oncologist away)“ учесниците кои јаделе само по едно јаболко на ден ги намалиле шансите за појава на рак. Научниците од Американската Асоцијација за Истражување на Ракот, препорачуваат јаболката да бидат дел од секојдневното мени, бидејќи веруваат дека тоа го намалува ризикот од рак на панкреас за 23 проценти.
ПОМАГА ДА СЕ НАМАЛАТ ШАНСИТЕ ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ
Една студија врзана за консумацијата на јаболков сок кај глувци покажала ниско ниво на појава на Алцхајмер. Ова се уште не е докажано кај луѓето, но сепак е охрабрувачки факт кој треба да се има предвид.
ПОМАГА ПРИ ПРЕВЕНЦИЈА ОД АСТМА
Јадењето јаболка е добро за превенција од појава на астма и нејзино менаџирање. Според британско истражување, луѓето кои јаделе од 2 до 5 јаболка секоја недела, ги намалиле шансите за 30 % од појава на астма.
ГИ ЗАЈАКНУВА КОСКИТЕ
Јаболката се одличен извор на калциум, помагаат при зајакнување на коските. Тие се богати со антиоксиданси кои се добри за нив и притоа заради зајакнатата содржина штитат од фрактури. Во таа насока, се намалува ризикот од појава на остеопороза.
ГИ ОБЕЛУВА ЗАБИТЕ
Се чини дека секојдневната консумација на јаболка ве држи и вас подалеку од стоматолог. Јаболкото после оброк помага при отстранување на жолтите дамки на забите. Кога ги џвакате, тие го имаат ефектот на четкичка за заби. Но имајте на ум дека јаболкото, како и повеќето овошја имаат природен шеќер и не треба да се претерува со јадењето.