asd
ПочетнаМагазинЗдравјеДецата имаат 44 % помали шанси да се заразат со ковид-19

Децата имаат 44 % помали шанси да се заразат со ковид-19

Најновото истражување на тимот научници, предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за педијатрија и здравје на децата, покажа дека децата имаат 44 проценти помали шанси да се заразат со коронавирус отколку возрасните, јавија британските медиуми.

Тимот научници прегледале и анализирале 32 досегашни студии и откриле дека децата и адолесцентите, на возраст под 20 години, имаат 44 проценти помали шанси да развијат секундарна инфекција со САРС-КоВ-2 отколку луѓето постари од 20 години.

Прелиминарната евиденција покажала дека децата на возраст од 10 до 14 години имаат помала веројатност да се заразат со Ковид-19 отколку возрасните, и дека адолесцентите се чини дека се приближно еднакво подложни како возрасните, покажало истражувањето на тимот од Британскиот колеџ за педијатрија и здравје на децата.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ