Уште еден случај на дете заразено со вирусот Ковид-19 е забележан во клонот „Чекорче” на градинката „Срничка”, потврдија од министерството за труд и социјала. Оттаму информираат дека детето било згрижено во друга група и немало контакт со заболените брат и сестра кои оделе во истата градинка.
Денеска е коронавирус е потвреден кај вработен како техничко лице во градинка во Куманово, но од министерството тврдат дека немал контакт со децата и воспитувачките.