asd
ПочетнаВестиСтојаноски: Добрите економски односи меѓу Македонија и Германија продолжуваат и во иднина

Стојаноски: Добрите економски односи меѓу Македонија и Германија продолжуваат и во иднина

Посета на делегација од германскиот Бундестаг, објави на Фејсбук пратеникот Бојан Стојаноски.

Денеска во својство на Претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетика заедно со членовите на комисијата имавме работна средба со пратеници од Комисијата за труд и социјална политика на германскиот Бундестаг и нејзиниот Претседател г-дин Бернд Рутзел. Разменивме искуства за заштита на правата на работниците како и потребата за засилување на истите. Се согласивме дека добрите економски односи меѓу двете земји треба да продолжат. На крајот, се изрази задоволство од одржаната средба, со уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина и ќе придонесе за продлабочување на севкупните односи помеѓу двете земји, истакна Стојаноски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ