Изумирање на страста и искри во кревет не мора нужно да се случи во долга врска, а експертот за интимни односи Натасија Милер откри четири работи кои ги прават паровите кои имаат одличен сексуален живот, пишува „The Sun“.
Нејзиниот прв совет е да разговарате со партнерот за интимноста. Таа вели дека паровите кои имаат успешен интимен живот разговараат меѓу себе за тоа што им се допаѓа и што ги задоволува.
– Овој разговор може да биде непријатен за многумина, но ќе видите колку може да се исплати следниот пат кога ќе легнете во кревет со партнерот – советува таа.
Нејзиниот следен совет е да поминуваат квалитетно време еден со друг и да одвојуваат 20 минути дневно за гушкање. Поминувањето време еден со друг создава поголема интимност, што на крајот води до подобра интимна врска.
Исто така, за здрава интимна врска, многу е корисно секој ден да го бакнувате партнерот и да му кажувате колку го сакате, но навистина да го почувствувате тоа.
Нејзиниот најконтроверзен совет, сепак, е да се даде приоритет и да се закаже интимноста. Таа тврди дека закажувањето на интимна врска создава слатко исчекување кое навистина може да ѝ дојде како „шлаг на тортата“ после секојдневните обврски.