Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.
В четврток попладне и в петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. В петок ќе дува засилен северен ветер.
Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.