Само кога хормоните се во идеален баланс, нашето тело функционира без проблеми. Секое, па дури и најмалото нарушување, со себе повлекува и цела низа здравствени проблеми.
Доколку имате сомнеж дека со вашите хормони нешто не е во ред, треба да посетите ендокринолог, кој доколку констатира некакво нарушување преку анализата на крвта, ќе ви даде и соодветна терапија.
Покрај терапијата, која мора да се зема како што ја препишал специјалистот, треба да се избегнуваат слатките и индустриските преработки на овошје, зеленчук и месо, а да вклучиме квалитетна свежа храна, да го намалиме кофеинот, да избегнуваме храна со адитиви и најважно од сè, да се погрижиме да имаме што помалку стрес, а што повеќе добар сон.
Што се однесува до терапијата, никогаш не ја променувајте дозата на своја рака, туку консултирајте се за тоа со лекар.