Во рамките на својата работа Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешниот ден оствари повеќе средби со членови на Општинските комитети на Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Росоман.
На средбите беа разменети мислења околу функционирањето на локалните самоуправи во актуелните економски и политички услови, за работењето и реализација на тековните проекти, за грижата за најранливите групи во општеството.
Благодарение на домаќинското работење на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ овие општини обезбедија доволно средства за реализација на предвидените проекти.
Промените се започнати и истите продолжуваат се со цел овие општини да бидат подобро место за живеење за сите граѓани.